fbpx

Салонот во Париз се враќа следната година

По пауза од две години, Салонот за автомобили во Париз во своето вистинско руво, но и една важна новина, ќе се врати во 2022 година

Салонот во Париз минатата година се одржа во едно сосема поинакво издание со поинаков формат од вообичаеното, а тоа беше наметнато поради пандемијата на коронавирусот. Но, организаторите соопштија дека следното издание на Салонот за автомобили во Париз ќе се врати во своето препознатливо и вистинско издание во 2022 година.

Манифестацијата во 2022 година ќе се одржи од 17 до 23 октомври, што секако е една убава вест од сферата на автомобилските настани. Инаку, Салонот во Минхен кој ќе се одржи во септември оваа година е своевидна увертира и почеток на новата сезона на ваквите настани во Европа, но сепак епидемиолошката слика и понатаму ќе го диктира темпото на развој на овие манифестации.

Она што го открија организаторите е дека автомобилската манифестација во главниот град на Франција ќе добие ново име, барем за следната година. Поточно, Салонот во Париз (Mondial De L’Auto) и Equip Auto настанот ќе се спојат и ќе ја одржат манифестацијата кој ќе се нарекува Париска автомобилска недела. Двата саеми кои се исклучително значајни во автомобилската индустрија во Европа, ќе се одржат истовремено во Paris Expo Porte de Versailles изложбениот центар.

Париската автомобилска недела ќе биде организирана околу серија настани, а ќе биде и светска премиера која ќе ги донесе на исто место професионалците и целокупната јавност, додека притоа ќе овозможи шанса за автомобилската индустрија да ја сподели својата визија за иднината на автомобилите и транспортот.

„По две години живеење во пандемија и соочени со невидени предизвици со кои се сретна автомобилската индустрија, се најдовме на истото место и одеднаш се ни стана јасно. Така се роди Париската автомобилска недела. Во текот на една седмица, Париз ќе биде најдобриот саем, лабораторија и форум за автомобилите и транспортот на 21 век“, изјави Лук Шател, претседателот на PFA.

Поврзани вести

Back to top button