fbpx

Шангај 2019: Hyundai со нов субкомпактен кросовер

Познат и под името Creta, целосно новиот Hyundai ix25 претставува мал кросовер со навистина храбар изглед

Корејскиот автомобилски производител го избра шоуто во Шангај како место за глобалното деби на својот целосно нов Hyundai ix25. Исто така познат и под името Creta на други пазари, втората генерација на субкомпактниот кросовер сега доаѓа во похрабро и поробусно издание.

Надворешниот дизајн го прати тековниот стилски јазик на брендот, така што новиот Hyundai ix25 ја носи новата предна корпоративна решетка, како Hyundai Palisade и останатите модели неодамна лансирани. Дизајнот на предните светлосни уреди кои се во два дела е инспириран од Kona, а стилот е задржан и кај задните светла. Остатокот од автомобилот изгледа сосема конвенционално. Малиот кросовер содржи и off-road акценти, каде се вбројуваат предната плоча и пластичното обложување на телото.

Hyundai ix25

Компанијата вели дека новиот Hyundai ix25 е совршено прилагоден за кинескиот пазар, но не открива повеќе детали. Сепак, дел од извештаите на кинеските медиуми тврдат дека автомобилот во однос на својот претходник е подолг за 30mm, поширок за 10mm и има поголемо меѓуоскино растојание за 20mm, иако неговата висина е намалена за 7mm за поаероднимичен изглед.

Ентериерот кај ix25 е со помодерен изглед, благодарение на инфозабавниот систем со екран на допир, кој ја заменува класичната централна конзола. Нејзиниот дизајн малку потсетува на моделите на Tesla. Што се однесува до погонските агрегати, Hyundai сеуште не открива ништо.

Покрај новата генерација на субкомпактниот кросовер, корејскиот бренд се пофали и со најновиот Hyundai Sonata, наменет за кинескиот пазар.

Поврзани вести

Back to top button