НАСЛОВНАНОВИТЕТИ

Scuderia Cameron Glickenhaus го претстави модерниот Baja Boot

Scuderia Cameron Glickenhaus штотуку ја заврши изработката на својата модерна интерпретација на Baja Boot

Автомобилскиот производител започна да работи на модерниот Baja Boot во јануари 2018 година, а презентираниот модел претставува примерок со две врати. SCG исто така планира да изгради и Baja Boot верзија со четири врати.

Изградениот Baja Boot е погонуван од LT4 V8 мотор од GM кој испорачува 650 коњски сили, слично како кај оригиналниот Baja Boot. Новиот има интегриран издувен систем, независен систем за потпирање, 19-инчни за патување и 37-инчни тркала за секакви терени. Тука се и Wilwood сопирачките со шест цилиндри, како и системот за потпирање кој нуди можност за промена на висината до 55 сантиметри.

Scuderia Cameron Glickenhaus

SCG планира да се натпреварува на овогодинешниот Baja 1000 со својот нов Baja Boot и ќе продолжи да го гради моделот со две врати до 2020 година. Штом ќе заврши производството на две врати, SCG ќе го сврти вниманието кон поголема варијанта со четири врати.

„Овој ноември ќе го возиме нашиот Glickenhaus Baja Boot од Сан Диего во Енсенада, ќе се тркаме на Baja 1000 и ќе се вратиме дома исто така со возење“, изјави Џејмс Гликенхаус.

Клучни зборови

Поврзани вести

Може и ова да ви се допадне

Close
Back to top button
Close