Seat го лансираше подбрендот Mo за електрични скутери и тротинети

Шпанскиот производител на автомобили го претстави новиот бренд кој ќе биде задолжен за урбаната мобилност, а го носи името Seat Mo

Компанијата Seat одржа промоција на новите производи на компанијата Seat кои ќе се произведуваат во рамките на новиот подбренд Seat Mo. Како што велат од шпанската компанија, новиот бренд е „двигател на стратегијата за урбана мобилност која е фокусирана на производите и услугите од микромобилноста“. Во превод, станува збор за линија на електрични скутери и тротинети, се популарното индивидуално градско превозно средство.

Seat Mo

Првите модели кои ќе ги понуди Seat Mo се скутерот eScooter 125 и тротинетот eKickScooter 65. Станува збор за целосно електрични превозни средства. Seat Mo eScooter 125 е целосно електричен мотоцик дизајниран да ја направи урбаната мобилност полесна. Комбинира електричен мотор со 12 КС интегриран на задното тркало и 5,6 kWh батерија за да обезбеди автономија на движење со едно полнење од 125 километри.

Еквивалент на мотоциклите со 125 „кубици“, eScooter 125 е наменет за приватна употреба, но и за системот на делење на превозни средства. Електричниот мотор испорачува 240 Nm вртежен момент, доволно за максимална брзина од 95 километри на час. Интересно, 5,6 kWh батеријата може целосно да се отстрани и да се вклучи на полнење во домашни услови, а може да биде полнета и додека е на самиот мотоцикл. Системот е наменет со цел купувачите да можат едноставно да ги менуваат батериите и да не мораат да чекаат полнење секој пат.

Електричниот мотоцикл пристигнува со неколку режими на возење (City, Sport и Eco), како и брзина за рикверц со цел да се направи маневрирањето полесно.

Заедно со eScooter 125, новиот Seat Mo бренд исто така го претстави и eKickScooter 65 продукцискиот модел. Ова превозно средство, како што налага името, има автономија на движење од 65 километри со полна батерија. Ова е овозможено од 551 Wh батеријата. Батеријата го напојува 350 W електричен мотор, а максималната брзина е ограничена на 20 километри на час.

Поврзани вести

Back to top button