fbpx

Seat има причина зошто нема да лансира електричен Leon

Новата генерација на Seat Leon ќе продолжи да се нуди со различни погони, од конвенционалните бензински и дизел мотори до CNG и plug-in хибриди, но не и целосно електричен модел

Одлуката на Seat можеби е изненадување за многумина, особено ако се земе предвид електричната офанзива на Volkswagen групацијата, но проблемот е во тоа што Leon е базиран на MQB платформата, како и последната генерација на Golf, Audi A3 и Škoda Octavia, и е дизајниран за поддршка во главно на мотори со внатрешно согорување. За електричните возила, Volkswagen групацијата ја користи MEB архитектурата.

Seat

Шефот на комуникации на компанијата, Карлос де Луис, потврди дека целосно електрична верзија на новиот Leon нема да се случи. Функционерот на Seat истакна на презентацијата на автомобилот во Шпанија дека новите електрични возила на VW групацијата се базирани на MEB платформата и го истакна фактот дека шпанскиот бренд веќе има автомобил со нула емисија на штетни гасови, а тоа е Mii Electric. Освен тоа, тој истакна дека уште еден таков модел би можел да пристигне наскоро, а според претпоставките, би можело да станува збор за верзија на Seat од Cupra el-Born, кој практично е поагилен и поспортски VW ID.3 со поинаква каросерија.

Спецификациите за овој нов хот хеч засега се непознати, но она што се знае е дека има електричен мотор кој ги придвижува задните тркала и дека од нула до 50 километри на час стигнува за 2,9 секунди. Автомобилот има батерија со капацитет од 77 kWh која овозможува автономија од околу 500 километри, поддржува брзо полнење, а за половина час овозможува опсег од 260 километри. Според претпоставките, Seat el-Born би требало да биде помалку агилен, иако автономијата би требало да остане отприлика иста.

 

Поврзани вести

Back to top button