fbpx

Seat интензивно го тестира Tarraco (Видео)

Од Seat споделија нови информации, како фотографии и видео од тестирањата на целосно новиот модел на марката- Taracco, кој ќе биде претставен официјално на 18 септември

Seat Tarraco ќе биде најголемиот автомобил во портфолиото на шпанската марка, а истиот ќе понуди можност за превоз на седум лица, а товарниот простор ќе нуди зафатнина од 760 литри. Од компанијата коментираат дека автомобилот е развиен со идејата да понуди одлични параметри како за стандардно, така и за офроуд возење и ќе биде опремен со системот за помош на превртување. Ги отклучува вратите на возилото и го исклучува моторот ако ја открие опасноста од превртување. Друга интересна новина за Tarraco е дека ќе биде опремен со нова адаптивна суспензија и способноста на возачот да избере помеѓу 6 различни начини на однесување.

Поврзани вести

Back to top button