fbpx

Seat Leon доби нов мотор во својата постава

Шпанскиот производител Seat додаде нова моторна единица во поставата на новиот Leon во хечбек и караванска изведба, со што купувачите добиваат поголем избор

Новата генерација на Seat Leon добива нов мотор, а станува збор за 2,0-литарскиот агрегат на VW групацијата кој пристигнува со неколку засилувања и унапредувања, како што е директното вбризгување, ново турбо и намалено триење, со што се намалуваат емисиите на јаглерод диоксид и се подобрува потрошувачката на гориво.

Шпанскиот производител вели дека новиот мотор кој е додаден во поставата на Seat Leon во хечбек и Sportstourer (караван) изведбата троши помеѓу 6,7 и 7,2 литри на 100 километри кај хечбек верзијата, односно 6,7 до 7,3 литри на 100 километри кај караванската варијанта. Притоа, емитувајќи од 151 до 164, односно од 151 до 165 грами по километар на CO2 според WLTP тест циклусот.

Моторот, кој веќе е достапен кај неколку модели на Volkswagen групацијата испорачува 190 КС при 4.200 – 6.000 вртежи во минута и 320 Nm максимален вртежен момент кој се достигнува од 1.500 до 4.100 вртежи во минута. Овој агрегат пристигнува во комбинација со седумстепен DSG менувач и погон на сите четири тркала, со што на Leon му овозможува да забрза од нула до „стотка“ за 7,4 секунди. Караванската изведба од друга страна е за две десетинки побавна.

Seat Leon 2.0 TSI треба да се појави во продажно изложбените салони ширум Европа наскоро, со оглед на тоа дека производството веќе е започнато во фабриката во Марторел, Шпанија.

Поврзани вести

Back to top button