ТЕСТ Seat Leon FR: Спортист по мерка
Последното издание на шпанскиот бестселер изгледа и онака спортски, а со FR додатокот само се надополнува овој епитет во сите сегменти на возилото
Последното издание на шпанскиот бестселер изгледа и онака спортски, а со FR додатокот само се надополнува овој епитет во сите сегменти на возилото.
За третата генерација на Seat Leon искажавме голем број убави зборови кога се појави на пазарот, која имавме ретка прилика да ја запознаеме уште на самиот старт на пласманот, на презентацијата во Шпанија. Во меѓу време имавме неколку опции на тест од гамата на шпанскиот „лав“, а сега ви ја претставуваме и FR изведбата, со врвни спортски манири, односно спортски пакет на опрема, спакувана со добро познатиот дизел на концернот со моќ од 150 KЅ и 320 Nm вртежен момент.
Можеби е мислењето субјективно (за вкусови не се дебатира) според нас Leon делува поатрактивно од Golf, иако многумина го споредуваат со германскиот предводник во сегментот. Дизајнот на автомобилот е навистина оригинален и нема допирни точки со Golf, па ни изведбата од премиум сегментот Audi A3, со доза на својата спортска динамичност. Специфичните предни светла му ја надополнуваат агресивноста, додека задните LED светла во облик на клин ја нагласуваат широчината на автомобилот. Спортскиот ефект во силуетата овде е надополнет со поинаков дизајн на браниците, затемнетите задни стакла, 17-инчните фелни, а и поради одредени корекции во суспензијата, изгледа како малку „поспуштен“ во однос на стандардната опција. Тестната изведба беше со специфична азурно сина боја (Allur Blue) и како магнет ги привлекуваше очите на ненамерниците кои рака на срце сеуште „се палат“ на ова издание.
Мошне атрактивниот надворешен дизајн на Leon се надополнува и со оној од ентериерот. Свеж, елегантен и функционален изглед, повторно со доза на спортски примеси. Фините детали како големите венилациски отвори, контролата за клима уредот и тридимензионалниот облик на декоративните елементи ја нагласуваат елеганцијата со врвна завршна обработка. Посебно плени централно сместениот мултимедискиот дисплеј, а на возачот на располагање му се бројни функции и системи кои помагаат при управувањето, што секако ја крева скалило погоре ергономичноста. Би додале германски прецизно со доза на шпански шарм, на чекор до премиум изведбите. За спортскиот филинг секако свој придонес има опкружувањето на возачот. Се седи пониско, во посебно за оваа прилика поставени спортски седишта, добро позиционирани се управувачот, менувачот и сите други команди, па ова Leon несомнено го рангира во врвот на компактите.
Проверениот дизелски агрегат со зафатнина од 1.968 ccm оние макимални 150 KS ги отпушта при 3.500 и ги задржува до 4.000 вртежи во минута. Лесно може да „заврти“ и до 4.600 вртежи, што значи дека располага со респектабилна моќ во секој степен на пренос. Забрзувањето до стотка е за само 8,4 секунди, а најголемата брзина изнесува 215 km/h. За потребите на просечен возач нуди повеќе од потребното. Можеби малку е повисоко ниво на бучавоста, но зарем тоа не го прави спортското чуство поефикасно. Делува моќно, агресивно, динамично…, а троши изненадувачки малку, според нашите мерења во просек 6,5 литри на 100 изминати километри, за што во целост помогна и опцијата Старт/Стоп, потоа и можноста за избор меѓу трите режими на работа eco, comfort и sport. А, не дека го штедевме, се обидовме да „извадиме“ максимум од автомобилот, но „ни да трепне“, ги изврши сите поставени задачи!
Составот на директниот управувач, извонредно поставеното подвозје и потпирање, кое ги имаме во тестниот модел обезбедуваат брзо и сигурно управување со автомобилот. Лежењето во свиоците осигурува посебна динамичност, но и доза на безбедност. Можеби некои ќе искоментира дека потпирањето е малку претврдо, Фолксвагеновско, што се чуствува на улиците низ град, но сосема потребно за спортско возење и добро однесување во свиоците на пат. Во сите ситуации компактот е потполно неутрален, лесно се контролира и се добива впечаток дека е прилагоден и за поголема моќ од онаа која е на располагање. Треба да се напомене дека автомобилот е развиен на задничка MQB платформата на Volkswagen, напред потпирањето е McPherson со подрамка, додека назад за оваа намена имаме мултилинк.
Освен тоа во понуда се многу опции за сигурност, удобност и спортски филинг, системите за стабилност, пролизгување, XDS електронска контрола на диференцијалот… За сите овие задоволства треба и да се плати, па ова вака спакувана изведба чини во кампања 21.900 евра, но доколку поитате во салонот на Порше Македонија и посакате вака подготвен модел ве очекува пријатно изненадување, се разбира што се однесува до цената?!