fbpx

SEAT со најдобро прво полугодие во историјата

SEAT објави дека компанијата го реализира најдоброто прво полугодие во нејзината историја, односно брендот до крајот на јуни достигна ниво од 289.900 продадени единици

Евидентиран е пораст од 17,6%, или повеќе од 43.000 пласирани возила, во однос на првата половина од минатата година и повеќе од 11.000 единици подобро од претходното најдобро достигнување, забележано во 2000 година. Покрај новиот успех во продажбата за првата половина од годината, SEAT забележа рекордни пазарни резултати и во јуни.

Продажбата на брендот достигна 51.400 единици, што е за 13,7% повеќе во однос на истиот месец минатата година и за повеќе од 1.000 единици во споредба со претходниот рекорд од 2000 година. На крајот на првото полугодие, SEAT има раст од 14,9%, односно 62.200 автомобили во Шпанија, 17,7%, односно 57.200 единици во Германија, 21,7%, или 35.900 во Велика Британија, 18,7%, или 15.800 во Франција, како и 21,6%, односно 12.800 во Италија.

SEAT

До крајот на оваа година, SEAT ќе стартува со продажбата на уште два свои нови пазарни предлози, едно од нив е SUV изведбата- Tarraco, кој ќе биде премиерно претставен на 18 септември, а другата новина е врз компактниот Leon. Компанијата, исто така, ќе ги претстави CUPRA Ateca и Arona TGI.

Поврзани вести

Back to top button