fbpx

SEAT официјален спонзор на шпанскиот национален фудбалски тим

SEAT објави дека компанијата потпишала спонзорски договор со шпанскиот национален фудбалски тим и на тој начин автомобилската марка стана главен спонзор и партнер на „Црвената фурија“ до март 2021 година

Според новиот договор, SEAT ќе биде официјалниот автомобилски превозник на шпанскиот национален фудбалски тим и еден од главните спонзори за време на Светското првенство во фудбал 2018 во Русија, кое започнува на 14 јуни, како и на Euro 2020.

– SEAT жнее успеси на продажен план, како лани, така и годинава, па за него во последно време се зборува само во суперлативи, како лани, така и годинава, па решивме зошто да не бидеме дел од еден тим кој веќе со години наназад е вистинска гордост за нацијата, како и ние, коментира Лука де Мео, претседател на шпанската автомобилска марка. -Овој договор има за цел да ги поврзе SEAT како бренд и шпанскиот фудбалски тим, кој несомнено е меѓу водечките во светот, па преку една симбиоза да му покаже на светот дека ние немаме само добар фудбал, туку и автомобили.

SEAT

Поврзани вести

Back to top button