Најмалку седум нови модели врз основа на Mercedes A-класа
Mercedes планира да објави најмалку седум компактни модели кои ќе се базираат на новата платформа на А-класа
![Mercedes](https://avtoplus.mk/wp-content/uploads/2018/02/Mercedes-1600-1-780x405.jpg)
Ова стана јасно по интервјуто со главниот инженер на компанијата, Гордон Вагнер. Тој потенцира дека се очекува осум варијанти, вклучувајки ја и веќе базната А-класа.
Но, што навистина се очекува. Како што потенцира Вагнер, A-класа ќе го добие првиот седан, а изведбата CLA ќе продолжи и со втора генерација. Исто така во план е и сосема нова GLA. Во семејството на В-класа ќе го видиме класичниот подигнат хечбек или мини MPV, како и сосема нов кросовер со името на GLB. Вкупно шест, а што ќе биде седмата изведба? Опциите се неколку – купе верзија, CLA Shooting Brake, долга верзија за Кина или дури класичен караван.