fbpx

Семејството Scout на Škoda добива уште еден член

Škoda додаде и трет член на семејството Scout

Покрај веќе досега понудените Octavia и Kodiaq, во иднина ќе може да сметате и на кросоверот Karoq. Рецептот е добро познат, Scout верзијата ќе биде со малку повеќе off-road перформанси во однос на стандардниот модел, па поради тоа има погон на сите чеири тркала кој е дел од стандардна опрема. Исто така, за оваа цел има нови декоративни и заштитни панели направени од пластика и алуминиум, како и малку повисока суспензија.

Клиентите ќе можат да го нарачаат моделот со неколку различни мотори. Тоа се 1.5-литарски бензин со 150 КС и 2.0 дизел со две нивоа на моќност, со 150 КС и 190 КС. Вториот мотор е стандардно во спрега со автоматски менувач со две спојки. Karoq Scout може да се пофали и со други мали визуелни промени кои го прават поспецифичен во однос на стандардниот модел, а можеби најзначајно од нив е да ги споменеме 19-инчни тркала.

Продажбата започнува наскоро, а публиката ќе може да го види автомобилот за време на изложбата во Париз, подоцна оваа есен.

 

Поврзани вести

Back to top button