Семејството SUV на Škoda добива нов член, новиот Kosmiq

По Kodiaq и Karoq, малиот Kosmiq ќе биде претставен на престојниот саем за автомобили во Женева

Како трет член во SUV гамата на чешкиот производител, премиерата на компактниот Kosmiq беше офиcијално најавена за 5ти март преку новото тејзер видео кое Škoda го објави деновиве.

Ова видео ни дава делумен увид во предниот дел на овој модел. Како дел од карактеристичниот преден изглед е новиот LED дизајн на предните фарови, кој доаѓа со одделни дневни светла и интегрирани трепкачи.

Субкомпактниот SUV беше најавен преку концептниот модел Vision X, a основан e на MQB A0 платформата на Volkswagen, на која исто така се базираат и Seat Arona и VW T-Cross. Според Škoda, новиот Kosmiq ќе претставува одлична комбинација на SUV адутите со оние компактните, како агилност и ракување, додека пак во исто време ќе нуди и пространа внатрешност и голем број на безбедносни системи.

Новиот Kosmiq се очекува да го дели истиот погонски асортиман со T-Cross и Arona, при што би бил понуден само со погон на предната оска, иако концептниот модел беше опремен со 1,5 литарски турбо мотор комбиниран со електричен и 48V систем, кој имаше можност да работи на бензин или компримиран природен гас (CNG), при што имаше погон на сите четири тркала.

Повеќе детали околу овој модел ќе ни бидат познати по неговата премиера, која ќе се одржи во март на саемот во Женева.

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close