Senna- најекстремниот McLaren
McLaren понуди прва информација за целосно нов суперспортски модел Senna кој ќе дебитира пред публиката за време на меѓународниот салон во Женева, во март
![McLaren](https://avtoplus.mk/wp-content/uploads/2017/12/Senna-n-780x405.jpg)
Со тежина од само 198 килограми, McLaren Senna е најлесниот и најекстремниот автомобил на марката, која ќе се движи по патиштата на светот.
Автомобилот е спакуван со 4.0 литарски V8 мотор кој е со моќност од 800 коњски сили и максимален вртежен момент од 800 Nm, а ќе биде произведен во лимитирана серија од само 500 примероци. Базната цена за Велика Британија е одредена на 750.000 фунти. McLaren Senna доаѓа со целосно јаглеродна шасија и панели на каросеријата, седумстепена роботизирана менувачка кутија, заден погон, активна предна и задна аеродинамика со огромен спојлер, издувен систем од Inconel и титаниум, можност за нарачување на вратите со дополнителна стаклена површина на дното и друг.
McLaren Senna има адаптивна хидраулична суспензија RaceActive Chassis Control II (RCC II) и нуди можност на возачот да избере помеѓу три главни начини на управување- Comfort, Sport и Track, секој од нив е специјално оптимизиран за работа во соодветни услови. За правилната моќност за сопирање на McLaren Senna, кој веќе е распродаден, се грижи спортски систем со карбон- керамички дискови и уникатни за автомобилот гуми Pirelli P Zero ™ Trofeo R.