НАСЛОВНАСАЕМИ

Шангај 2019: Honda со предлози за електричната иднина на Кина

Светската премиера на Honda на Шангајската меѓународна изложба е концептот X-NV

Со негова помош од брендот ни демонстрира што можеме да очекуваме од нивниот целосно електричен предлог наменет за кинескиот автомобилски пазар. Концептот кој е 100% електричен е создаден заеднички од Honda Motor China Technology и Dongfeng Honda, а сериската верзија ќе биде пуштена во продажба во Кина во втората половина на оваа година.

Honda

Друг електрифициран производ кој забележува премиера на автомобилскиот саем во Шангај е хибридната верзија на моделот Odyssey развиена заедно со GAC Honda и кој треба да биде лансирана во Кина кон крајот на овој месец. Во прилог на своите електрични автомобили, Хонда го користи изложбениот простор во Шангај за да го претстави и својот електричен V-GO скутер.

Клучни зборови

Поврзани вести

Close