НАСЛОВНАНОВИТЕТИСАЕМИ

Шангај 2019: Renault City K-ZE електричен SUV

За време на меѓународниот саем во Шангај дебитира првиот целосно електричен автомобил на Renault- City K-ZE, позициониран во компактниот А-сегмент

Од француската марка исто така соопштија, дека до 2022 година, 9 нејзини автомобили ќе се произведуваат во Кина, а поголемиот дел од нив ќе бидат SUV автомобили, додека три ќе бидат со целосно електричен погон. Премиерата во Шангај на Renault City K-ZE е светска, а моделот ќе биде лансиран прво на кинескиот автомобилски пазар и доаѓа само шест месеци по дебито на концептуалниот развој кој се појави за време на меѓународниот саем во Париз.

Renault City K-ZE ги поседува сите типични параметри за SUV возилата, вклучувајќи и клиренс од 150 mm, а благодарение на меѓуоскиното растојание од 2.423 mm ветува просторен ентериер и багажник со зафатнина од 300 литри.

Renault City K-ZE

Полнењето на батеријата на електричниот модел може да се остварува директно од домашна електрична инсталација, а и преку посебна специјализирана инфраструктура. При брзо полнење, батериите до 80% се полнат за само 50 минути, а во домашни услови за целосно полнење, потребното време е 4 часа.

Renault City K-ZE е паметен автомобил, што доаѓа со одредена апликација за мобилен телефон, посебен систем за следење и контрола на квалитетот на воздухот во кабината, 8-инчен интегриран екран со гласовни команди и друго.

Клучни зборови

Поврзани вести

Може и ова да ви се допадне

Close
Close