fbpx

Шефот на Volvo Cars со високо признание

Паралелно со објавувањето на финалистите на изборот за Светски автомобил на годината, организаторите на конкурсот истакнаа дека, Хакан Самуелсон, извршен директор на Volvo Cars, е добитник на наградата World Car Person of the Year 2018

-Гледам на оваа награда, како признание за напорите на целата организација на Volvo Cars во последниве години, искоментира Самуелсон.

 

Семуелсон

Во текот на изминатата година, Volvo Cars забележа рекордни добивка и продажба, реализација на компанијата достигна ниво од 571.577 единици, а марката забележа четврта година по ред рекорден раст. На територијата на Европа, Volvo имаше подобрување во бизнисот од 3.3%, до ниво од 320.988 возила, а во Шведска пазарното претставување на брендот е подобрено за 5.9%, или 74.397 единици.

На импресивен раст (25.8%) Volvo за минатата година, потенцира во Кина, каде во текот на 2017 биле купени 114.410 нејзини автомобили, а во САД се забележува намалување од 1,5%, или 81.504 единици. Volvo Cars може да се пофали исто така со две номинации во финалната фаза во изборот за Светски автомобил на годината 2018-XC60 во главната и во категоријата за Светски автомобилски дизајн на годината 2018, а само пред неколку дена целосно новата XC40 беше избрана за Автомобил на годината 2018 во Европа.

Поврзани вести

Back to top button