fbpx

Shell инвестира во „мистериозна“ стартап компанија за електромобили

Брзото и едноставно надополнување на електромобилите е еден од проблемите за нивна масовна дистрибуција

Многумина се обидуваат да го решат, но таинствена стартап компанија, со име Ample од Сан-Франциско, основана во 2014 година, смета дека може успешно да го реши. За работата на оваа компанија има навистина многу малку информации, но врз основа на доставената документација од евентуалните инвеститори, во неа полна доверба најавил нафтениот гигант Shell, кој планира да финансира во американската стартап фирма 31 милион долари.

Освен Shell , исто така свој интерес пројавиле и компаниите Moore Strategic Ventures, Repsol Energy Ventures, Hemi Ventures и TRIREC, познати по своите инвестиции во проекти поврзани со алтернативни извори на енергија и „зелен” транспорт.

Еден можен начин за решавање на проблемот е развивање на мрежа за брзо полнење.

И тука Shell е мошне активен, веќе гради сопствени станици за полнење во своите бензински пумпи и ја откупи лани најголемата европска мрежа за надополнување NewMotion со нејзините 30.000 пунктови. Од Shell се договориле и со фирмата Ionity ( која е во соработка на сличен проект со BMW, Daimler, Ford и Volkswagen) за монтирање на нивни станици за полнење во своите трговски објекти.

The Ample избра полесен пат, автоматски да ги замени електричните акумулатори. Прашањето е дали нема да пропаднат, бидејќи сличен проект имаше и компанија со име Better Place, која развил мрежа од 21 станица во Израел. Неговиот систем беше поставена за замена акумулаторите пред сè на електричните модели на Renault и Nissan.

Shell

Системот не функционира и кај Tesla, која брзо ја стопира изградбата на станиците за замена на акумулаторите на своите автомобили. За системот на Ample, не е јасно дали тај ќе се базира на веќе виден прототип или ќе предложи уште некој нов систем за замена на акумулаторите. Мотото на компанијата, сепак е многу амбициозно – „електромобил за сите!”

„Ample измисли економична, брза и широко достапна платформа, која обезбедува целосно менување на акумулаторите на секој електромобил за само неколку минути.

Таа е алтернатива на традиционалните менувања, користи автономна роботизирана техника и технологијата на смарт-батерии, што ја прави употребата на електричниот автомобил поедноставна за секој, независно од профилот за управување, средствата или положба.“

Поврзани вести

Back to top button