НАСЛОВНАНОВИТЕТИ

Што ќе донесе новиот Опелов SUV предводник?

Не е тајна дека германскиот производител Opel ќе треба да понуди предводник во својата SUV гама, кој ќе се вклопи во брендот над моделот Grandland X

Веќе се почести се гласините за негово пристигнување и големите дизајнерски студија го навестуваат неговиот изглед.

Едно од нив секако е познатото италијанско дизајнско студио, Asscaris Design, кој на Instagram објави визија за тоа како ќе изгледа новиот SUV, кој би требало да биде лансиран на пазарот по околу две години. Новиот Opel предводник се претпоставува дека ќе биде крос-купе, кој ќе ги комбинира функциите од Grandland X и концептниот автомобил Buick Enspire, прикажан пред неколку дена, кој требаше да биде „брат близнак“ на Опеловата изведба, доколку Германците останеа под капа на GM. Некои елементи ќе бидат преземени и од концептниот автомобил Opel Monza, претставен во 2014 година.

Opel

Моделот ќе биде произведуван во фабриката на Opel во Риселсхајм, но сепак развиен во целост од новиот сопственик на Opel, француската PSA. Ова значи дека кросоверот ќе ја користи EMP2 платформата, која се базира на модели како Peugeot 3008, 5008 и Citroen C5 Aircross. Благодарение на платформата EMP2, моделот ќе биде ограничен со 1.6-литарскиот турбо мотор, со моќ од 200-270 КС.

Во моментов тоа е најмоќниот мотор во палетата на Peugeot, па затоа нема алтернатива. Што се однесува до хибридниот погон на Buick Enspire, тоа веќе не е применливо за моделите на Opel. Американскиот бренд му припаѓа на GM и нејзиниот иден сериски кросовер ќе користи сосема различни технички компоненти.

Opel

Клучни зборови

Поврзани вести

Close