fbpx

И Шведска ги забранува дизелите

Шведската влада го забранува движењето на дизел автомобили во центарот на поголемите градови

Како што е познато, неодамна германскиот Врховен суд, исто така, нареди таква забрана. Иако најавија од поодамна, Финците нема да воведат ваква забрана. Владите на Шведска и Германија објаснија дека забраната за влез на автомобили со дизел мотори во центарот на големите градови е прифатена поради построгите барања за емисија на штетни гасови кај моделите.

Шведска ги забранува дизелитеОд 1 септември минатата година беше усвоена нова процедура за проверка на количеството штетни гасови, односно се замени системот, па сега автомобилите треба да бидат проверени при реално движење, поради што резултатите од новата постапка се посигурни.

Во исто време, властите во Финска, се отажаа од воведување на таква забрана, иако најавија слични мерки како во Германија и Шведска, но во образложението за сегашната ситуација се вели дека не гледаат проблеми со дизел моторите. Главните загадувачи на воздухот во земјата смета Владата се старите автобуси, излитени гуми и прашина на улиците. Но, и покрај ова, продажбата на дизел автомобили во Земјата постојано опаѓа, а на име тоа се зголемува онаа на електрични изведби.

Па, на некој начин, тоа е она што секоја Влада го посакува, без интервенции да се стигне до посакуваната цел.

Поврзани вести

Back to top button