fbpx

Singer со спектакуларни 911 креации наречени Suisse и Berlin

Singer Vehicle Design ги претстави своите две најнови креации кои ги носат имињата Suisse Commission и Berlin Commission

Американската компанија Singer се специјализираше за модификации на Porsche 911, a според нивната филозофија ниту еден аспект на автомобилот не смее да се запостави и се обрнува внимание и на најситните детали. Доказ за тоа се двете нови спектакуларни креации наречени Suisse Commission и Berlin Commission.

Suisse Commission е најсуптилниот од двата 911 модели и е финиширан во нијанса наречена Miura Blue комплетирана со замаглени ленти и натписи. Како и сите 911 модели кои се реосмислени од страна на Singer, изработката на каросеријата е навистина прекрасна, особено кога станува збор за сводовите над предните тркала и нагласениот заден спојлер.

Singer

При дизајнирањето на својот 911 од соништата, сопственикот на автомобилот побарал и 8-насочни електронски прилагодливи спортски седишта обложени со црна кожа и волнени централни делови. Кабината исто така добива нов теписон, а сабвуфер е монтиран под задното лево седиште. Тука и е рачката за менувачот која е направена од абонос и орево дрво.

За напојувањето на Singer Suisse Commision задолжен е 4,0-литарскиот природно аспириран воздушно ладен шестцилиндричен мотор во комбинација со шестстепен мануелец кој ја испраќа моќноста на задните тркала.

Реосмислениот 911 Berlin Commission од друга страна е уште поатрактивен. Финиширан е во темна боја наречена Berlin Red и се одликува со никелувани натписи. Добива и прекрасни двобојни тркала со затворени навртки и се поставени над црните шапи на сопирачките со бели букви. Тркалата се обложени со Michelin Pilot Sport пневматици.

Singer

Колку што е прекрасен екстериерот на автомобилот, ентериерот е уште поспектакуларен. Моделот поседува четиринасочно прилагодливи спортски седишта со кожни потпирачи, кожа во средината на седиштата и никелувани детали. Црната кожа е поставена на столбовите, тунелот за трансмисијата и задната преграда.

Singer

Исто како и Suisse Commision, така и овој модел го добива истиот 4,0-литарски природно аспириран, воздушно ладен шестцилиндричен агрегат со шестстепен менувач и погон на задните тркала.

Поврзани вести

Back to top button