НАСЛОВНАТЕХНОЛОГИЈА

Широките пневматици кај камионите можат да заштедат до 5% гориво

Користењето на единечни широки пневматици наместо двојни пневматици може да им заштеди на транспортни превозници и до 5% од трошоците за гориво

„Некои истражувања покажуваат дека оваа заштеда може да биде и до 12%”, вели професор по инженерство на Универзитетот во Илиноис, Имад Ал-Кади. Ова заштеда е поврзана со отпорот на тркалање или интеракцијата помеѓу патот (асфалтот) и пневматикот. Површините со помал отпор на тркалање значително ја зголемуваат потрошувачката на гориво.

Ал-Кади напоменува дека при брзина од 100 km/h, аеродинамичкиот отпор троши околу 40% од горивото на камионот, додека механичката загуба е одговорна за околу 25% од потрошувачката на гориво. Отпорот на тркалање е одговорен за околу 35% од потрошеното гориво, што е доста значајно.

Во Данска, истражувачите се обидуваат да ја намалат потрошувачката на гориво за 8% со промена на текстурата на површината на патот, со што прават напор да го намалат отпорот на тркалање, забележува Ал-Кади.

пневматици

Клучни зборови

Поврзани вести

Close