Систем со двојна камера ќе ја следи подготвеноста на возачот
Continental откри ново решение за транзиција кон возачот за време на автоматското возење
Continental има развено комбиниран систем на камери за холистички модел на околината во автономните возила. Во системот „Road and Driver” (Пат и возач), камера насочена нанадвор го следи сообраќајот, додека камера насочена навнатре го набљудува возачот. Ова го сочинува резервниот план за време на автоматското возење. Системот користи консолидирани и проценети податоци за да утврди дали е безбедно да се предаде одговорноста за возењето.
„Road and Driver” камерата е вградена зад ветробранското стакло, над огледалото за гледање наназад, на вообичаен начин. Додека камерата насочена напред го набљудува сообраќајот кој се одвива пред возилото во видно поле од 125 степени, камерата насочена кон внатре ја детектира положбата на возачот, дали тој или таа е расеан и каде се неговите или нејзините раце. Системот „Road and Driver” ќе биде лансиран во 2021 година
„Благодарение на новиот систем на камери, возилото и возачот постојано се свесни еден за друг. На крајот сè се сведува на доверба. Човекот може да биде уверен дека технологијата нема нагло да ја врати одговорноста без предупредување, но дека тоа ќе се случи согласно јасни и сеопфатни критериуми”, објаснува Георг Биндер, Раководител на бизнис единицата за стратегија и планирање и напредни системи за асистенција на возачот на Continental.
Покрај безбедната транзиција помеѓу „автоматизираниот” и „мануелниот” режим, системот на камерите исто така може да ги прилагоди системите за безбедност. Тоа го прави со „Occupant Safety Monitor”, кој на пример, го дефинира распоредувањето на воздушните перничиња зависно од ситуацијата во внатрешноста.
Податоците од системот на камери се оценуваат, но не се зачувуваат. Започнување со производство на камерата „Road and Driver“ е планирано за 2021 година, за да се обезбеди усогласеност со новите протоколи за тестирање на Euro NCAP.