Škoda Auto произведе 10.000.000 менувачи
Škoda Auto oбјави дека кон крајот на минатата недела компанијата произведе менувач со реден број 10.000.000
![Škoda Auto](https://avtoplus.mk/wp-content/uploads/2017/10/Skoda-1600-1-3-780x405.jpg)
Трансмисиите произведени во двете фабрики на брендот, во Млада Болеслав и Врехлаби, се користат како за моделите од нивна продукција, така и за други изведби од концернот.
Во моментов, Škoda Auto произведува три вида преносни кутии – две механички и една роботизирана DSG, а само минатата година компанијата има произведено речиси 1.1 милиони трансмисии. Седумстепениот DSG менувач се произведува во Врехлаби, а дневно од комплексот излегуваат по околу 2.100 единици.
– Сега фабриката во Врехлаби е еден од најважните комплекси за DSG менувачи во Volkswagen Group, коментира Франк Енгел, директор на одделот за производство на компоненти во Škoda. -Нашите достигнувања се вистинска гордост, но во исто време бараат голема посветеност и ангажман. Сигурен сум дека благодарение на искуството, посветеноста и флексибилност на работниците, фабриката во Врехлаби има одличен иднина.