Škoda додава plug-in и благи хибридни изведби кај новата Octavia

Најпродаваниот модел на Škoda на глобално ниво нуди најширок спектар на возачки погони и стилови на каросерија во поставата на марката

Новата генерација на популарниот чешки модел Škoda Octavia ќе добие plug-in и благи хибридни изведби. Octavia iV PHEV ќе го користи истиот 1,4 литарски основен мотор како и неодамнешниот Skoda Superb iV, но ќе понуди две варијанти на моќност, односно 201 КС и спортска верзија од 242 КС.

Бројките поврзани со возниот опсег и емисиите не се уште објавени, но се очекува да бидат слични на Superb iV, за кој Škoda рече дека може да патува 55 километри само на електрична енергија и да забележи емисија на CO2 под 40 g/km. Plug-in хибридниот модел ќе биде достапен во форма на хечбек и караван.

Благата хибридна технологија ќе биде опремена кај верзиите со 1,0 литарски и 1,5 литарски бензински мотор со автоматски менувач DSG. Автомобилите доаѓаат 48 волтен систем, кој ја обновува изгубената енергија и овозможува заштеда на гориво. Бројките за издувните емисии се непознати.

Другите мотори вклучуваат 2,0 литарски бензин со 187 КС и 2,0 литарски дизел со моќност од 113 КС, 148 КС и 197 КС.

Škoda

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close