fbpx

Škoda ќе произведува електрични возила во Млада Болеслав

Škoda објави дека компанијата ќе произведува 100% електрични автомобили во фабриката во Млада Болеслав од 2020 година

Од 2019, компанијата ќе започне со производство на plug-in хибридни компоненти за неколку брендови на Volkswagen Group.

„Иднината на Škoda е електрична”, вели Бернхард Мејер, извршен директор на брендот. „До 2025 година планираме да понудиме пет електрични модели во различни сегменти. Задоволни сме што првата електрична Škoda ќе биде произведена во Чешка. Оваа одлука ја истакнува довербата на групата во производните способности на Škoda. Ова е важен чекор за иднината на брендот и Чешка како локација за автомобили “.

Првиот Plug-in хибрид на Škoda ќе биде лансиран во 2019 година. Ова ќе биде верзија на Superb, кој ќе се произведува во фабриката во Квасини. Volkswagen Group инвестира 34 милијарди евра во електрификација. Volkswagen Group објави дека до крајот на 2022 година, компанијата ќе инвестира повеќе од 34 милијарди евра во развојот на електрични возила, автономни системи за управување и нови решенија за мобилност и дигитализација.

Млада Болеслав

Огромен дел од инвестицијата во следните пет години ќе биде посветен на развојот на електрифицирани и хибридни погони за целото семејство на Volkswagen Group. Ова е следниот чекор што го прават од компанијата, по најавената стратегија во септември, за електрифицирање на целото свое портфолио на автомобили до 2030 година.

1 | Млада Болеслав
2 | Млада Болеслав

    За да се исполнат поставените цели, Volkswagen Group ќе преземе неколку други чекори, вклучувајќи ја и целокупната трансформација на својата фабрика во Цвикау, по што ќе произведува само електрични автомобили. Volkswagen Group ќе инвестира и во своите погони во Бразил, Кина, Русија и Северна Америка.

    Поврзани вести

    Back to top button