fbpx

Škoda го избра името за својот нов електричен SUV

Новиот модел на автомобил кој ќе се појави во гамата на чешкиот производител Škoda ќе биде електричен SUV, а ќе го носи името Enyaq

Чешката марка не се откажува од правецот по кој движи со именувањето на своите SUV модели кои завршуваат на буквата „Q“, па така по Kamiq, Karoq, Kodiaq, сега пристигнува и Enyaq, чија почетна буква „е“ јасно асоцира на електромобилноста кон која се фокусира Škoda.

Најавениот електричен кросовер би требало да биде серисја варијанта на концептуалниот модел Vision iV. Овој автомобил е првото возило кое чешкиот бренд го создаде со цел да користи само електрична енергија како погонско гориво, за разлика од Citigo iV кој е електрична варијанта на конвенционалниот модел.

Enyaq ќе биде поставен на модуларната MEB платформа на Volkswagen, која ја користи компактниот VW ID.3, и според информациите би требало да има слични димензии како Kodiaq. Првичните замисли беа овој електричен SUV да има изглед на купе, како што случајот кај конвенционалниот BMW X6, но Škoda кон крајот на минатата година соопшти дека во понудата ќе има стандарден SUV, како и купе-SUV.

Како една од главните карактеристики по кој е познат чешкиот производител е пространоста во ентериерот, а сега се најавува дека новиот Enyaq ќе понуди простор кој ја надминува својата класа. Иако Škoda не даде никакви официјални податоци во врска со спефикациите на возилото, се очекува најавениот електричен SUV да располага со најмалку 480 km автономија, а електричниот мотор да испорачува 300 КС.

Првите примероци на Enyaq до своите нови сопственици ќе пристигнат кон почетокот на идната година, што значи дека премиерата на овој модел најверојатно ќе ја видиме во текот на оваа година.

Поврзани вести

Back to top button