fbpx

Škoda ја претстави најмоќната верзија во поставата на Enyaq

Чешкиот производител го претстави новиот Enyaq Sportline iV 80x, новата најмоќна верзија во опсегот на целосно електричниот SUV

Првиот целосно електричен SUV на Škoda, моделот Enyaq, ја доби својата најмоќна варијанта во ликот и делото на Sportline iV 80x. Новиот Enyaq Sportline iV 80x се напојува со два електромотори кои имаат вкупна моќност од 264 КС и 425 Nm вртежен момент. На задниот дел се наоѓа перманентно-магнетен синхрон мотор кој испорачува 203 КС и 310 Nm, додека на предниот дел се наоѓа асинхрониот мотор со 108 КС и 162 Nm, со што Enyaq 80x добива и погон на сите четири тркала.

Моќниот електричен SUV својата енергија ја црпи од 82 kWh батерија, а од Škoda велат дека опсегот на движење е над 500 километри според WLTP циклусот. Чешкиот производител не откри конкретни детали за перформансите, но истакна дека максималната брзина е ограничена на 160 километри на час.

Sportline тримот на Enyaq исто така е достапен со уште две погонски опции – моделот 60 со погон на задните тркала кој пристигнува со 179 КС и помала 62 kWh батерија, додека Enyaq Sportline 80 исто така нуди погон на задните тркала но и моќност од 203 КС и поголема 82 kWh батерија.

Enyaq

Спортска елеганција

Како возачки најориентирани опции во опсегот на Enyaq, Sportline верзиите се одликуваат со пониска шасија за 15 милиметри на предниот дел и 10 милиметри на задниот дел, со специјални амортизери и пружини.

Визуелните разлики вклучуваат сјани црни детали за предниот панел, воздушните завеси на предниот браник, страничните ретровизори, рамките на прозорците и покривните шини. Покривниот спојлер е финиширан во мат црно, додека на задниот браник се наоѓа црниот дифузер. Сет од опционални 21-инни тркала (20-инчни како стандард), заедно со црните лога, го комплетираат визуелниот изглед на Enyaq Sportline.

Како стандарден дел од опремата на новиот Škoda Enyaq Sportline iV 80x се Full-LED Matrix фаровите, трикракиот управувач, 13-инчен инфозабавен систем, црни спортски седишта со интегрирани потпирачи за глава преслечени во Suedia микрофибер и кожа, црн тапацир за контролната табла, алуминиумски педали и елементи со карбон ефект низ кабината.

Купувачите исто така можат да се одлучат за head-up екран со проширена реалност, паркинг асистент и полуавтономниот Travel Assist додаток на брендот.

Поврзани вести

Back to top button