НАСЛОВНАНОВИТЕТИ

Škoda најавува нова револуционерна Оctavia

Иако направија вистински бум на пазарите ширум светот SUV возилата на Škoda, Octavia останува најважниот модел во портфолиото на Чесите

Дури 418.000 примероци беа реализирани во текот на минатата година, што е речиси двојно повеќе од вториот најпродаван модел на марката, Rapid. Како што е познато, инженерите на компанијата веќе почнаа да работат на четвртата генерација на Octavia. Фокусот тука повторно ќе падне врз практичност, а MQB платформата која ќе биде обработена, ќе придонесе со нови модификации.

Експерти од компанијата неодамна коментираа за британските изданија, каде моделот е мошне популарен, дека ќе треба да очекуваме нешто сосема револуционерно, класичен хечбек, кој ќе личи доста на седан. Ова нè тера да веруваме дека основниот облик на каросеријата ќе биде таканаречен лифтбек.

Технологијата ќе се дели со осмата генерација на VW Golf, која се очекува следната година.

Тоа значи бензински мотор со филтри за честички, лесни хибридни системи и plug-in хибриден опција. Се најавува нов 1.5-литарски дизел мотор кој ќе ги замени сегашните 2.0 и 1.6 TDI мотори. Најверојатно, оваа единица ќе има три цилиндри и многу подобри перформанси од неговите претходници. Чесите се очекува да постават традиционален фронт дизајн, со поделба на два дела на предните светла, како што е во актуелниот модел. Новината се очекува да дебитира во 2020 година.

Octavia

Клучни зборови

Поврзани вести

Close