fbpx

Škoda објави нови фотки и видео презентација за Kamiq Scoutline

Чешкиот производител објави нови фотографии од Scoutline верзијата на својот најмал кросовер Kamiq кој ќе биде лансиран во јули годинава

Škoda Kamiq Scoutline делува поагресивно и добива „оф-роуд“ имиџ благодарение на изменетиот изглед. Меѓу другото, Kamiq Scoutline пристигнува со мат црни рамки околу тркалата и сребрена заштита од долниот дел на предниот и задниот браник. Новата варијанта на чешкиот кросовер од B сегментот пристигнува стандардно со 17-инчни, а како опција се нудат и 18-инчни фелни.

Kamiq е првиот модел во SUV семејството на Škoda кој ќе добие Scoutline верзија, кој е базиран на Ambition пакетот на опременост, па поради тоа купувачите ќе можат да го изберат било кој од погонските агрегати кои се наоѓаат во понудата за овој модел. На располагање се три бензински верзии, еден дизел мотор и G-TEC агрегат кој како гориво освен бензин може да користи и CNG. Зависно од големината, моторите можат да испорачуваат моќност од 90 до 150 КС.

Од Škoda истакнуваат дека купувачите ќе можат да бираат една од 12-те понудени бои за каросеријата, од кои 9 бои се металик. Внатрешноста е опремена со ThermoFlux седишта и посебни декоративни елементи. Отворите за воздух и украсите на инструмент таблата имаат хромирана завршна обработка, а облогите на педалите се алуминиумски. Предните седишта можат да се прилагодуваат според висина и имаат посебен Scoutline тапацир изработен од ThermoFlux ткаенина и микрофибер, додека управувачот, рачната кочница и рачката од менувачот се обложени со кожа.

LED амбиенталното светло ја осветлува инструменталната табла во бела или бакарна боја, додека централната конзола, преградите на вратите, рачките за отворање на вратите и просторот за нозете се осветлени со бела боја.

Škoda Kamiq Scoutline ќе започне со продажба во Европа во јули 2020 година, а цената засега не е позната.

Поврзани вести

Back to top button