fbpx

Škoda објави нови фотографии за четвртата генерација на Octavia

Škoda објави нова доза фотки од четвртата генерација на својот најпродаван модел Octavia кои настанаа непосредно пред избивањето на пандемијата на коронавирусот

По деталната презентација на новата Octavia Combi, Škoda објави нови фотографии и за новата Octavia liftback верзија. Првата, модерна верзија на моделот Octavia ја започна својата приказна во 1996 година, несвесно најавувајќи бестселер кој низ три моделски генерации ќе се продаде во 7 милиони примероци. Škoda актуелната, четврта генерација на Octavia ја претстави кон крајот на минатата година и има задача да продолжи онаму каде што застанаа претходните три.

Поставена на MQB Evo платформата, новата Škoda Octavia пристигнува со должина од 4.689 милиметри, ширината е 1.829 со меѓуосовинско растојание од 2.686 милиметри, а располага со 600 литри багажен простор во стандардната и 640 во караванската верзија. Освен тоа, патниците на задната клупа ќе располагаат со 78 милиметри простор за колената, пет милиметри повеќе отколку во претходната генерација.

Ентериерот на новата Octavia е технолошки уште понапреден, нудејќи избор од четири инфозабавни системи, од Modular Infotainment Matrix од последната генерација и перманентна онлајн конекција преку интегриран eSIM. Централниот екран на допир варира од 8,25 до 10 инчи. Друга новина е Laura дигиталниот асистент со гласовна контрола. Како опција пристигнува и 10,25-инчниот Virtual Cockpit дигитален инструментален кластер.

Широка палета на моторни единици

Кога станува збор за погонот, тој очекувано ги вклучува сите единици кои се наоѓаат и во новиот Golf. Понудата започнува со трицилиндерскиот 1,0-литарски турбо-бензинец TSI со 110 КС и 200 Nm, преку 1,5-литарскиот TSI со 150 КС и 250 Nm, па се до најсилната бензинска варијанта 2,0-литарскиот TSI со 190 КС и 320 Nm во комбинација исклучиво со DSG автоматски менувач со двојна спојка. Octavia 2.0 TSI од нула до „стотка“ ќе стигнува за 6,9 секунди, а максималната брзина ќе изнесува 232 километри на час.

Кога станува збор за дизел верзиите, тука е 2,0-литарскиот TDI во верзија со 116, 150 и 200 КС со мануелен шестстепен менувач, или седумстепен DSG во распон до 400 Nm и погон на сите четири тркала. На располагање е и 1,5-литарскиот TSI G-TEC, погон на природен гас (CNG) со 130 КС и 200 Nm.

Како и во случаот со Superb iV и Golf GTE, така и Octavia ќе биде во понудата со plug-in хибридна верзија со 1,4-литарски TSI кој во тандем со електромотор ќе развива 204 КС и 350 Nm максимален вртежен момент. Само на електричен погон, благодарение на батеријата со капацитет од 13 kWh, Octavia ќе може да мине 55 километри на основа на WLTP стандардите. Хибридниот погон има само една мана, а тоа е што го намалува багажниот простор на 450, односно 470 литри.

Новата генерација на Škoda Octavia требаше да се најде во продажните салони во јуни, но со оглед на пандемијата на коронавирусот, сосема е сигурно дека ќе го одложи лансирањето на четвртата генерација на чешкиот бестселер.

Поврзани вести

Back to top button