fbpx

Škoda Octavia со нова интересна опција

Škoda Octavia станува втор модел во историјата на брендот, кој ќе добие дигитална табла

Новата опрема веќе е достапна за лифтбек и караванската верзија на бестселерот на чешкиот производител.

Škoda Octavia е втор модел на „летачката стрела“ достапен со дигитален инструмент-панел, по кросоверот Škoda Karoq. Таквата опција веќе се нуди кај „роднините” на Octavia, Volkswagen Golf, Audi A3 и SEAT Leon. Инструментите се прикажуваат на 12,3-инчен дисплеј, а возачот може да избере една од четирите варијанти за да ја организира контролната табла – класична, дигитална, информативна и минималистичка.

Škoda Octavia

И мапата на навигацискиот систем, исто така, може да се прикаже на екранот. Цената на новата опрема за Škoda Octavia 2018 во Чешка е 8.900 круни (350 евра). Таа ќе биде достапна само за најопремените изведби: Style, Laurin & Klement, RS и Scout.

Поврзани вести

Back to top button