Škoda го подготвува дебито на Kodiaq GT

Чешкиот производител Škoda ја подготвува светската премиера на новата верзија на кросоверот Kodiaq, која ќе добие GT додаток во своето име

Автомобилот ќе биде прикажан на 31 август на саемот во Ченгду во Кина. За моделот веќе се знае речиси сè. GT верзија ќе биде дизајнирана во стилот на оригиналниот Kodiaq и ќе биде достапна само во варијанта со 5 седишта. Должината е 4.634 mm (64 mm помалку од стандардниот автомобил), а висината е 1.649 mm (-27 mm), ширината 1.833 mm, како и растојанието помеѓу двете оски 2.791 mm, остануваат исти.

Во споредба со стандардниот Kodiaq, верзијата GT ќе има ревидиран преден браник и друга решетка.

Задниот дел од автомобилот со спуштен покрив е потполно нов. На пазарот новата верзија на кросоверот доаѓа со 2.0-литарски бензински турбо мотор во две варијанти на моќност 186 и 220 КС. Менувачот е 7-степен автоматски, кој е комбиниран со погон на четири тркала. Првиот пазар на Kodiaq GT е Кина, а во 2019 година моделот ќе биде достапен и во други земји.

Kodiaq

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close