fbpx

Škoda подготвува електрични автомобили за нови клиенти

Чешкиот производител планира нова стратегија насочена кон нови, платежоспособни клиенти, чија цел се идните електрични модели на компанијата

Гигантот под закрила на VW Grоup планира цела палета на електрични, вклучувајќи и модел на SUV, кој ќе биде лансиран во 2020 година.

-Електромобилите, според очекувањата, ќе се поскапи во споредба со моделите со мотори со внатрешно согорување, па мора да се најде таква група клиенти, кои ќе бидат подготвени да платат повеќе за овие изведби, објави шефот на продажба и маркетинг во Škoda, Ален Фаве.

електрични

Плановите на Škoda вклучуваат промоцијата на пет електрифицирани модели до 2020 година и на пет целосно електрични до 2025, како што беше најавено од страна на главниот извршен директор на брендот, Бернхард Маер, па отсега до 2022, компанијата планира да инвестира 2 милијарди евра за развојот на електричните системи за погон, како и за дигитализација. Маер потврди дека ова е најголемата инвестициона програма во историјата на брендот.

Предводникот на електрифицирани модели на Škoda ќе се појави во 2020 година – целосно електричен SUV, изграден врз новата модуларна MEB платформа на VW Group, наменета за електрични возила. Моделот ќе биде позициониран меѓу Kodiaq и компактниот Karoq, а ќе се нуди со автономија од 500 километри со едно полнење. Концептната визија X го покажа она што може да го очекуваме од идниот SUV.

електричниДогодина Škoda ќе лансира електрична верзија на малиот модел Citigo E, кој ќе е базиран на близнакот VW e-Up и ќе има автономија од 300 километри со едно полнење.

Исто така во 2019 година Škoda ќе започне продажбата и на plig-in хибридната верзија на Superb, со систем составен од 1.4-литарски бензински агрегат и електромотор.

Поврзани вести

Back to top button