fbpx

Škoda со нов производствен рекорд: 1.000.000 автомобили за 10 месеци

Škoda Auto објави дека компанијата оствари производство на 1.000.000 автомобили во една календарска година - четврти пат по ред

Компанијата, исто така, коментираше дека границата е постигната за рекорден период – само десет месеци.

„Достигнувањето од 1.000.000 автомобили е важен чекор за нас годинава. Овој резултат, кој веќе е постигнат, го нагласува капацитетот на нашите производни комплекси, како и професионалноста на нашиот тим. Оваа година повторно си поставивме цел да постигнеме нов производствен рекорд и итаме кон целта“, потенцираат од Škoda.
Škoda Auto
Како основни модели за постигнување на новиот производствен рекорд од Škoda ги посочуваат Octavia, Fabia и Superb, а дополнителен елан дава и големиот SUV модел KODIAQ, кој ветува невиден потенцијален раст до крајот на годината, како и компактниот KAROQ кој претстои да го потврди своето пазарно присуство. Во моментов, Škoda нуди седум основни модели и опсег од повеќе од 40 основни верзии и модификации. Брендот произведува возила во Чешка, Кина, Индија, Русија, Казахстан, Украина, Алжир и Словачка.
Škoda Auto
Од Škoda коментираат исто така, дека од моментот на влезот на брендот во семејството на Volkswagen Group во 1991 година, производството на компанијата е зголемено седум пати и фирмата се трансформира од регионален во мошне популарен глобален играч.
Škoda Auto

Поврзани вести

Back to top button