fbpx

Škoda со првиот Superb Scout

Денес Škoda објави нова слика, видео и информации за обновената верзија на предводникот Superb кој ќе го видиме за прв пат на 23 мај

Од Škoda продолжуваат да ги чуваат во тајност деталите за обновената верзија на Superb, но во денешната најава откриваат пред светот дека при премиерата, моделот ќе биде демонстриран и во сосема нова верзија, како за актуелната генерација на автомобилот, така и за моделот како целина, верзијата Superb Scout.

Superb

Друго што е познато за новата верзија на Superb е тоа што предниот дел на возилото е со нов дизајн, а во задниот класичното лого на брендот е заменето со буквите на моделот. Од компанијата ветуваат исто така дека предводникот ќе им понуди на корисниците најнови решенија во однос на технологијата и функционалноста, како и типично за возилото исклучителен внатрешен простор со решенија од модели од повисоките сегменти.

Обновената верзија на Škoda Superb ќе биде претставена за прв пат во мај за време на IIHF Ice Hockey World Championship во Братислава.

https://www.facebook.com/skoda/videos/372913993579242/

Поврзани вести

Back to top button