fbpx

Škoda развива спортска верзија врз електричниот SUV

Škoda ќе прави спортска модификација врз својот електричен SUV врз основа на прототипот Vision E, објави Autocar

Чешкиот производител на автомобили потврди дека електричниот автомобил ќе добие верзија која може ќе се нарече eRS, по аналогија на она VRS за бензинските модели.

-Идниот електрични кросовер ќе добие и спортска верзија. Не станува збор за помоќна модификација, туку за модел со поспецифичен дизајн на каросеријата и ентериерот, објасни шефот за продажба и маркетинг на компанијата, Алан Фави.

Škoda

Škoda го претстави електричниот концепт Vision E на салонот во Шангај, во април 2017 година. Прототипот ќе стане сериски во 2020 година. Инаку, во моментов, единствениот модел на VRS на пазарот е Octavia, а кросоверот на Kodiaq VRS ќе се појави подоцна оваа година. Fabia VRS беше достапна од 2010 до 2014 година, но може да се прероди со следната генерација на моделот, која се очекува во 2021 година.

Поврзани вести

Back to top button