fbpx

Škoda Scala ја освои наградата „Red Dot 2019“

Ова е 13-ти пат Škoda да е почестен со оваа посакувана награда, од жири составено од околу 40 меѓународни експерти

Scala е првиот сериски модел на Škoda, кој го прикажува новиот емотивен јазик на надворешниот и внатрешниот дизајн на брендот. Совршените пропорции, јасно дефинираните површини, динамични линии и напредна аеродинамиката го прават овој модел модерен и спортски.

Уникатните карактеристики кои се впечатливи, како предницата со решетката, динамичната покривна линија и спортскиот дифузер кој го нагласува широкиот заден дел, претставува заштитен знак на новиот дизајн на Škoda. Scala е првиот сериски модел на европскиот пазар кој ја носи ознаката Škoda со индивидуални букви на вратата од багажникот, заменувајќи го традиционалното лого.

Наградата „Red Dot“ е меѓу најпрестижните признанија за дизајн во светот. 2019 година ја одбележува 64-тата година откако „Red Dot“ е претставена како глобален белег на извонреден дизајн на производи.

Поврзани вести

Back to top button