fbpx

Шангај 2017: Škoda подготвена со електричното крос-купе

Škoda понуди дополнителни детали на посебна промоција за целосно новата и прва во историјата на брендот целосно електрична концептна визија- VISION E

Škoda понуди дополнителни детали на посебна промоција за целосно новата и прва во историјата на брендот целосно електрична концептна визија- VISION E. Во вистинска форма ќе го видиме веќе следната недела, кога ќе дебитира пред публиката во Шангај. Димензиите на прототипот се должина од 4.645, ширина 1.917, висина 1.550 и растојание помеѓу двете оски – 2.850 милиметри. Еден од највпечатливите елементи на возилото се специјалните LED додатоци на главните светла.

https://youtu.be/xijbstSq67o

Самото крос-купе е создадено на новата платформа на концернот Volkswagen – MEB која е наменета само за електрични возила. Моделот Škoda е опремен со моќен погон, во кој влегуваат двa електромотори со вкупна моќност од 306 КС. Максималната брзина на електричниот е 180 km/h, а автономијата со едно полнење – 500 километри.

Во салонот на Vision E се поставени пет екрани, неколку уреди за безжичено полнење на паметни телефони, како и фотелји кои се свртуваат за 20 степени при отворање на вратите. Тие се враќаат во вообичаеното положба, штом вратите се затворат. Освен тоа првиот електромобил на Чесите добил и систем за автономно движење со кој возачот може да ја менува лентата и да владее самостојно со возилото во сообраќајниот метеж.

Сеуште не е јасно дали Škoda Vision E ќе се појави во сериско производство и кога ќе се случи тоа. Претходно Чесите најавија дека нивниот прв електромобил ќе излезе на пазарот во 2020 или 2021 година.

Поврзани вести

Back to top button