fbpx

Škoda со официјална презентација за Octavia RS iV

Škoda официјално го претстави својот прв електрифициран перформансен модел Octavia RS iV

Škoda продолжува со проширувањето на своето RS портфолио, а со својата разноликост чешкиот бренд се надева дека ќе добие поголем напредок. Во чешката компанија не можат да ги запостават новите норми за флотната емисија на штетни гасови, поради што го лансираа овој хибрид Octavia RS iV кој веќе ги освои симпатиите на јавноста.

Octavia RS iV го доби погонскиот склоп од Golf GTE, односно 1,4-литарски TSI бензински мотор и 85 kW електричен мотор, што значи дека овој модел на Škoda располага со 242 КС и 400 Nm кои до осовините се пренесува со шестстепен DSG менувач. Octavia RS iV од 0 до 100 километри на час стигнува за 7,3 секунди, додека максималната брзина изнесува 225 километри на час, што се навистина добри бројки. Останува да се види дали Škoda ќе одлучи да ја понуди Octavia RS iV и со 2,0-литарскиот TSI агрегат со кои би се добиле подобри бројки, иако мали се шансите за такво нешто.

Според информациите од Škoda, новата перформансна хибридна Octavia емитува 30 g/km според WLTP што значи дека автомобилот е подготвен да ги пресретне новите EU6d стандарди за сите новорегистрирани автомобили во ЕУ, кој ќе стапи на сила од 1 јануари 2021.

Како и да е, хибридната перформансна Octavia поседува батерија со капацитет од 13 kWh и во состојба е да мине 60 километри користејќи ја само електричната енергија, а целосно испразнетата батерија може да се наполни за шест часа преку домашен приклучок. Од Škoda најавија дека продажбата на овој модел започнува кон крајот на тековната година.

Поврзани вести

Back to top button