fbpx

Škoda со тизер го најави концептот Scala Spider

Чешката компанија Škoda го понуди првиот тизер за престојниот седми Student Car кој го развија студентите во рамките на академијата

Škoda Scala Spider e радикално поинакво возило во однос на минатогодишниот оф-роуд пикап базиран на Kodiaq наречен Mountiaq. Тоа е уште еден уникат кој овој пат е базиран на моделот Scala. Ова е седмото концептно возило од студентите од академијата на Škoda.

Како што може да се забележи на цртежите, збележливи се очигледните промени, недостасуваат задните врати и седишта, како и покривот. Главната идеја беше да се претвори петвратниот хечбек во посакуваниот Škoda Scala Spider. Во проектот учествуваа 20 студенти кои работеа на него неколку месеци. Тие го овој модел без покрив и го редизајнираа задниот дел од автомобилот со цел да добијат поелегантна каросерија. Зад седиштата се наоѓаат испакнати делови налик на Speedster моделите кај производителите на премиум спортски возила. Тука е и сетот 19-инчни алуминиумски тркала од Octavia RS.

Исто така, забележителен е и централно поставениот хексагонален завршеток на издувната цевка, како и наплатки во две бои позајмени од Octavia RS. Втората скица покажува дека внатрешноста во главно останува онаа истата како што е во моделот Scala, а управувачот со црвен конец навестува дека станува збор за Monte Carlo пакет на опрема.

Škoda засега не го открива името на автомобилот, но познато е дека претставувањето ќе се одржи во јуни. Ќе биде интересно да се види што направиле учениците од акадмијата на Škoda и дали станува збор за автомобил без никаков покрив. Советите за време на работата ги добиваа од шефот на дизајн во Škoda, Оливер Стефани.

Поврзани вести

Back to top button