fbpx

Škoda и Tour de France партнери 15 години

Škoda AUTO најави дека по 15-ти пат автомобилскиот производител ќе биде официјален партнер на легендарната велосипедска трка Tour de France, а како мобилен транспортер на трката ќе биде користен специјално подготвен и тематски обоен во црвена боја, моделот Superb

За потребите на овогодинешното издание на Tour de France, кое ќе започне на 7 јули и во кое учесниците ќе треба да поминат вкупно 3.351 километар, Škoda ќе обезбеди вкупно 250 возила, вклучувајќи претставници на двата најнови SUV модели на компанијата, Kodiaq и Karoq.

Tour de France

-Како производител, кој ja започнал својата дејност со составување на велосипеди, овој спорт е исклучително важен за нас, коментира Алан Фави, член на Управниот одбор, задолжен за продажба и маркетинг на Škoda. -Нашиот сериозен приод и посветеноста кон велосипедизмот го зајакнува имиџот на брендот.

Tour de France

Поврзани вести

Back to top button