fbpx

Скромниот папа доби нов „Папамобил“: Dacia Duster

Романскиот SUV ќе биде новото возило на папата Франциско

Претставниците на Renault групацијата, во чија сопственост е и романскиот бренд Dacia, на папата Франциско му го предадоа на користење специјално прилагодениот Duster, кој отсега ќе служи како нов „Папамобил“.

Романскиот SUV претставува еден од најевтините модели во својот автомобилски сегмент. За потребите на „Папамобилот“ пристигнува во бел екстериер, украсен со знаменцата на државата Ватикан. Задниот дел од каросеријата е со специјална доградба, карактеристична за сите претходни изданија на популарниот „Папамобил“. Освен тоа, системот за потпирање на овој уникатен модел на Duster е спуштен за 30 милиметри, со цел на папата да му се олесни влезот во автомобилот.

Сите модификации на автомобилот, со цел да се прилагоди на потребите, се дело на романската компанија Romturing задолжена за доработка на фабричките Dacia модели.

Папата Франциско е познат по тоа што користи скромни автомобили за превоз, дури и кога оди на светски турнеи. Така, во последните години, меѓу останатото, тој беше виден како се вози и во FIAT 500L произведен во Крагуевац, кросоверот Kia Soul, малата лимузина Dacia Logan

Со тој потег, папата сака да покаже дека не е поддржувач на потрошувачкиот начин на живот, а во 2013. година изјави дека навистина жали кога гледа како свештениците возат скапи автомобили, порачувајќи им да изберат нешто посоодветно.

Duster во последните месеци се најде во центарот на вниманието на автомобилската јавност и по одличните продажни резултати, со оглед на тоа дека во август беше вториот најбаран модел во ЕУ, со 19.541 испорачани возила, зад неприкосновениот Golf (26.411).

Поврзани вести

Back to top button