Slate поддржан од Џеф Безос го претстави првиот модел

Стартап компанијата Slate, која доби поддршка од Џеф Безос, го претстави првиот модел кој го носи името Truck

Новиот американски стартап Slate влегува на сцената со амбициозна мисија: да понуди практичен, едноставен и достапен електричен пикап. Со почетна цена под 28.000 долари, или околу 20.500 долари со федералниот даночен поттик од 7.500 долари, Slate Truck е еден од најприфатливите електрични возила на пазарот.

Slate

Минималистички пристап за максимална достапност

Slate го претстави својот нов модел на настан во Лос Анџелес, покажувајќи неколку прототипи. Иако компанијата е нова, веќе собра повеќе од 100 милиони долари инвестиции, вклучувајќи финансирање и сериозна поддршка од самиот Џеф Безос, основачот и директор на Amazon, што дополнително ја засилува нејзината позиција.

Truck е замислен како „празно платно“ – основен модел кој клиентите ќе можат целосно да го персонализираат. Возилото користи „скејтборд“ платформа и ќе биде достапно со два батериски пакети: основен од 52,7 kWh со автономија од 150 милји (241 км) и поголем од 84,3 kWh со автономија од 240 милји (386 км). Сите верзии ќе бидат со заден погон и електромотор од 201 КС (150 kW).

Спартанска кабина со потенцијал за надградба

Еден од клучните фактори за ниската цена е минималистичката внатрешност. Truck нема радио, звучници или инфозабавен екран. Наместо тоа, има основна контролна табла со мал дигитален инструмент кластер и физички рачки за подигање на прозорците. Телефонски држач покрај воланот и апликација во развој ќе обезбедат основни мултимедијални функции.

Сите модели ќе излегуваат од фабриката во оваа основна конфигурација, а клиентите ќе имаат можност да додадат стотици додатоци, вклучително и комплети за конверзија во SUV или во кабриолет со две врати. За музика, ќе мора да се нарача Bluetooth звучник, а за боја различна од сиво – ќе се нуди брзо обвивање на возилото.

Slate

Пристапно, но безбедно

И покрај основниот концепт, Slate Truck ќе нуди високо ниво на безбедност. Стандардната опрема вклучува контрола на тракцијата, електронска стабилизација (ESC), автоматско сопирање во итен случај, воздушни перничиња, камера за враќање наназад, систем за предупредување за судир и автоматско долго светло. Компанијата има цел да постигне пет ѕвездички на безбедносните тестови.

Slate

Производство и идни планови

Truck ќе се произведува во нова фабрика во Индијанаполис, Индијана, а првите испораки се планирани за четвртиот квартал на 2026 година. Slate има планови да произведува до 150.000 возила годишно. Заинтересираните купувачи можат да резервираат свој примерок со депозит од само 50 долари.

Поврзани вести

Back to top button