fbpx

Следните BMW M3 и M4 ќе добијат рачен менувач

Официјалниот претставник на BMW потврди дека спортската M дивизија на компанијата сепак ќе застане на страната на рачните менувачи

Како тренд кај новите автомобили, рачните менувачи наидуваат на блокада, особено кај оние со високи перформанси. Се помалку и помалку од автомобилските производители ги гледаат како клучни своите модели со три педали.

За ова е доказ и новата Corvette C8, за која од Chevrolet потврдија дека никогаш нема да добие опција со рачен менувач. Сепак, со ова не се согласува шефот на BMW M, Маркус Флаш, кој за BMW Blog изјави дека следната генерација на M3 и M4 ќе бидат достапни и со ваков вид на пренос.

„Малку е рано да ги откриеме сите детали, но нешто што сакам да го истакнам е дека ќе имаме рачен менувач“, изјави Флаш за BMW Blog. „Рачниот менувач е многу важен. Тој не е насочен кон перформансите, бидејќи сепак автоматскиот менувач е едноставно побрз. Но, му дава на возилото посебен карактер, кој јас го споредувам со луѓето кои сакаат механички часовници, тие не се попрецизни и немаат поголеми предности, но се карактерна особина. Така е и со рачниот менувач“, додаде Флаш.

BMW

Поврзани вести

Back to top button