fbpx

Со Nokian Tyres до врвно возачко искуство

Падот на температурите во овој период од годината носи влажни и лизгави коловози, на кои може да се спротивставите само со добар избор на зимски пневматици

Со скандинавско потекло, Nokian Tyres ветува уникатно стручно искуство и гарантира безбедно и удобно патување во сите услови на возење. Производителот гарантира врвен квалитет, издржливост и екологија на гумите, како резултат на темелното испитување, систематскиот развој и врвните тестирања.

Повеќе од 120 години Скандинавски квалитет

Nokian Tyres е основана во Финска, градот Нокиа, во 1898 година какo Soumen Gummitehdas oy (Финска компанија за гуми). Поради грубите скандинавски зимски услови, Nokian Tyres се креатори на првата зимска гума во светот во 1938 година. Со текот на годините станаа водечка компанија во светот во однос на безбедноста во зимски услови и одржливоста. Тие го развиваат брендот од светска класа кој го поврзува арктичкото искуство со безбедното возење, иновативната технологија и одговорноста за оддржлив бизнис.

Nokian Tyres

Одржлива безбедност

Со оглед дека се скандинавска компанија, грижата за луѓето и животната средина е составен дел од нивната филозофија и ДНК. Гумите на Nokian Tyres се производи кои не се само технолошки напредни, туку и создадени на одржлив начин, што значи дека ги почитуваат производителите, потрошувачите и планететата на која сите живееме.

Alpine Sense Grip иновација

Најновите иновации на Nokian Tyres се исто така проткаени во нивната најнова зимска гума Nokian WR Snowproof која е дизајнирана токму да ја гарантира безбедноста во променливи зимски услови. Една од тие иновации е концептот Alpine Sense Grip, која иновација овозможува гумата да се прилагоди на променливите зимски услови и гарантира контрола при возењето во најекстремни ситуации. Концептот функционира како безбедносен појас бидејќи максимално ја зголемува безбедноста во екстремни ситуации. Оригиналната гумена смеса Alpine Grip овозможува гумата да функционира во широк температурен опсег, од благи до многу студени зимски услови.

Во продажните центри на Мотоцентар може да ја погледнете целата гама на Nokian Tyres и да добиете подетални информации.

 

Поврзани вести

Back to top button