fbpx

Со SsangYong на авантура во срцето на Тиквеш

На покана од Автомакедонија, најстарата компанија што се занимава со автомобилска дејност во нашата земја и застапник за возилата од корејскиот бренд SsangYong бевме дел од „оф роуд“ авантура со крајна дестинација во Барово, микролокација препознатлива по своите несекојдневно високо поставени винови насади во срцето на тиквешијата.

Домаќините за овој караван имаа подготвено четири SsangYong возила од кои едно имаше и своевидна премиера на домашниот пазар. Станува збор за електричната верзија на Korando со додаток e-Motion, премиерно прикажан на светската јавност минатата година, а веќе од овој месец е достапен и на нашиот пазар. Освен електричниот модел во конвојот беа уште две изведби на Korando, првата со мануелен менувач, погон на предните тркала и бензински агрегат кој располага со 163 КС. Во вториот случај автоматскиот менувач е спарен со погонот на сите четири тракала, додека 1.5 литарскиот бензинец ја испорачува истата моќност како кај предходниот модел. Во групата е и Musso, вистински работен пик-ап со дизелски агрегат, курполентни пропорции и носивост од еден тон.

Појдовната точка е салонот на Автомакедонија во Скопје, а првото возило кое го возиме е Korando со погон на сите тркала и автоматски менувач. Со него се имаме дружено и предходно, но во сосема друга конфигурација задвижувана од дизелски агрегат. Затоа, интересно е да се споредат неговите карактеристики кога е погонуван со турбобензински мотор. На отворен пат највеќе се истакнува смиреноста на агрегатот и минималната бучава во кабината, посакуваната брзина лесно се достигнува, благодарение на веселите 163 КС и одлично пресметаниот автоматски менувач, поставеноста на патот е уверлива благодарение на интегрираниот систем на сите тркала, а управувачот делува доста прецизно. Во пакетот има многу додатна опрема, а во оваа прилика го користевме и адаптивниот темопомат кој својата задача ја извршува сосема успешно. Оваа изведба своите квалитети ги прикажа и на терен, каде во чекор го следеше моделот Musso.

На следната точка ја менуваме средината, сега веќе сме зад управувачот на Korando e-Motion кој однадвор единствено може да го разликувате по благо изменетиот преден браник, отсуството на решетката на ладилникот и беџот „e-Motion“ Во кабината е речиси идентичен со своите конвенционални „браќа“ разликите се минимални и се однесуваат на педалите зад воланот кои сега имаат улога на избирачи на нивото за рекуперирање на енергија и видоизменетиот дисплеј кој ги покажува состојбата на батеријата и просечната потрошувачка на ел. енергија.

SsangYong Аутомакедонија

Возењето е вистинско уживање, тишината на електричниот погон е дополнета со одличната изолација, така што звуците од надворешноста не допираат во кабинскиот простор подигајќи го комодитетот во патувањето на повисок ниво. Првото сосема електрично возило на компанијата користи батерија со капацитет од 61.5 kWh која силата ја пренесува преку еден електромотор со јачина од 190 КС на предната оска. Ваквата комбинација на Korando e-Motion му овозможува забрзување од 0-100 км/ч за помалку од 8 секунди и максимална брзина за нијанса под 160 км/ч. Во поглед на автономијата на движење, компанијата вели дека таа е на границата од 340 километри со едно полнење. Во реалност треба да се очекува помеѓу 290 и 300 километри во комбиниран циклус на возење.

SsangYong Аутомакедонија

Третата делница ја возиме со Korando кој поседува мануелен менувач и погон само на предните тркала. Иако оваа изведба е со најмалку теренски способности успеа да ни покаже дека до крајнот одредиште може да стигне без никаков проблем. Имено, по симнувањето од асфалтот следеше искачување по земјен пат и делови прекриени со каменеста подлога. Агилноста на подвозјето и повишената става се покажаа во вистинско светло, следејќи го конвојот предводен од моделите со погон на сите тркала.

На самото одредиште во Барово не дочека прекрасна природа и исклучително добро уредени винови насади, но и предизвикувачки земјени патишта со кои се опкружени истите. Тука царува моделот Musso, за него нерамната подлога, стрмните искачувања и водените препреки се природна средина во која плива како риба во вода, едноставно делува незапирливо.

Кога едно возило има задача да исполни повеќе услови за да ги задоволи желбите кои треба ги искомбинираат потребите за адекватен работен партнер, одговорен семеен транспортер или пак соодветен водич за исполнување на активен животен стил вон урбаните средини, тогаш единственото реално решение пристигнува во форма на „пикап“ пакување. Одговорот е едноставен, тоа е SsangYong Musso! Задвижуван од турбодизелски агрегат со зафатнина од 2.2 литри, моќност од 202 КС и влечан сила од 441 Нм која ја распоредува кон сите четири тркала преку мануелен менувач со 6 степени на пренос. Овој модел позитивно изненадува и на оптворен пат, каде е исклучително стабилен и не потскокнува, поради лесниот заден дел како што е обичај во оваа класа, суверено крстари и со повисока брзина што на моменти доведува да помислите дека сте зад управувачот на некое SUV возило.

SsangYong Аутомакедонија

Оваа несекојдневна авантура со моделите на SsangYong и запознаеање на едно катче од нашата земја e искуство што посочува на некои малку поинакви вредности кои урбаниот начин на живот направил да ги подзаборавиме.

Поврзани вести

Back to top button