fbpx

Соларниот покрив на Sonata ја полни батеријата до 60 проценти

По корејската премиера, Hyundai објави побеќе детали околу системот за полнење на сончевиот покрив на возилото

За прв пат во некој од моделите на брендот, соларните панели поставени на покривот на хибридната Sonata ја полнат батеријата на возилото дури и за време на возењето, со што се спречува нејзиното празнење, се подобрува горивната ефикасност и се намалува емисијата на CO2.

Покрај тоа, хибридната Sonata благодарение на оваа технологија има придобивки од дополнителна електрична енергија и опсег на возење. Според компанијата, системот, кој доаѓа како стандард, може да наполни 30 до 60 проценти од батеријата дневно и шест часа дневно полнење ќе го зголеми патното растојание за дополнителни 1.300 километри годишно.

Sonata

Кога сончевата енергија ја активира површината на панелот, покривот ја претвора со употреба на фотони од светлината на сонцето. Ова создава парови на електронски дупки во силиконските ќелии, кои за возврат произведуваат електрична енергија што последователно се претвора во стандарден напон од страна на контролер, а потоа се зачувува во батеријата.

„Технологијата на сончевиот покрив е добар пример за тоа како Hyundai се движи кон насоката да стане провајдер на чиста мобилност. Технологијата им овозможува на нашите клиенти активно да се справат со проблемот со емисиите. Ние се стремиме кон понатамошно проширување на примената на технологијата надвор од поставата на еколошки возила до возила со мотор со внатрешно согорување “, изјави Хјуи Вон Јанг, постар потпретседател и раководител на Техничките единици за каросерија на Hyundai Motor Group.

Новата Sonata Hybrid се напојува со Smartstream G2.0 GDi HEV, со шест брзински хибриден пренос со технологија за контрола на активна промена. Бензинскиот мотор развива 150 коњски сили и 188 Nm вртежен момент, при што електричната единица додава уште 51 коњски сили и 205 Nm.

Поврзани вести

Back to top button