НАСЛОВНАТЕХНОЛОГИЈА

Соларниот Sono Sion се тестира во Германија

Совршен електромобил секако би бил оној кој ќе може да се напојува од сопствени извори, на пример сончева енергија

Имено, тоа би биле електрични возила, кои сами би произведувале струја, со употреба на соларни панели. Во Германија, веќе работат на ваков автомобил со името Sono за да развијат таков соларен автомобил. Креаторите потврдуваат дека имаат доволно средства за да стартуваат со тестовите на својот прв модел Sono Sion, како соопштува агенцијата Reuters.

На прототипот на покривот, вратите и хаубата се монтирани 330 соларни ќелии, а акумулаторот овозможува автономија од над 250 километри со едно полнење. Според Sono само сончевите батерии на прототипот можат да му обезбедат километража од 30 километри во еден сончев летен ден. Во зима оваа километража се намалува до 5 километри, а автомобилот има и стандарден систем за полнење на акумулаторот од мрежата.

Основачот на Sono, Лорин Хан, вели дека автомобилот ќе има греење на седиштата и климатизација, поврзување со smartphone, систем за автоматско запирање и други состави за безбедност, како и сигурна структура за да добие максимална оценка при европските краш тестови EuroNCAP.

Компанијата подготвува кампања во 42 града на 10 земји во Европа за да го покаже концептот и да им овозможи на луѓето да го тестираат. Sono планира да дебитира на пазарот следната година и соопшти дека веќе има над 5.000 нарачки по цена од околу 17.000 евра.

Клучни зборови

Поврзани вести

Close