fbpx

Сопствениците на одредени модели на VW во Германија ризикуваат?!

Германскиот федерален регулатор KBA, објави дека сопствениците на некои од моделите на Volkswagen Group, кои не се ремонтирани по пронајдениот манипулиран софтвер, во случајот Дизелгејт, ризикуваат да не можат да ги регистрираат и возат автомобилите на јавни патишта

Градските власти во Хамбург и Минхен веќе не дозволиле регистрација на неколку автомобили од брендовите Audi и VW, кои имале дизел мотори со ниво Euro 5, а сопствениците ги игнорирале потсетниците да се упатат до работилниците за дополнителни корекции. Прилично слични возила со ист ризик се пронајдени и во Баварија, но властите им дадоа на сопствениците одредено време да ги направат соодветните сервисни зафати.

„Забраната за VW дизел автомобили кој не се ремонтирани е задолжителна. Автомобилите кои не биле во сервис ќе бидат отстранети од сообраќај. Во зависност од датумот на пуштање на повик до сопственикот на автомобилот, тој имал околу година и половина за да го однесе својот автомобил на доработка“, потенцираат од страна на КВА. 

Уште во почетокот на 2016 година од KBA одобрија ,предложениот од VW, фиксации на манипулираниот софтвер во дизел моторите на концернот- 1.2, 1.6 и 2.0 EA 189. Во Дизелгејт аферата во септември 2015, VW Group призна за инсталирањето на манипулиран софтвер во над 11 милиони автомобили во светот, од кои пет милиони во Европа.

Претходно овој јуни, само Германија, 95% од 2,5 милиони зафатени автомобили со кампањата поминаа низ фиксација на софтверот според податоците на KBA. Во околу 0.6% од случаите, сепак, сопствениците ги игнорирале постојаното предупредувања на властите и поради тоа се заканува дерегистрација на автомобилите.

Поврзани вести

Back to top button